Гостивар со убедлив пораз од Ружомберок

403

Македонскиот прволигаш Гостивар реди порази на подготвителните натпревари во Анталија. По поразот од Ујпешт (2:1), следуваше победа над турскиот нисколигаш Бозокспор (2:0), па пораз од руски Крилја Совјетов (3:1) и денеска уште еден пораз, од словачкиот прволигаш Ружомберок со убедливи 4:1. Сите голови паднаа во второто полувреме.
За гостиварци голот го постигна Ланре Кехинде во 61 минута за во тој момент 1:1.

ПретходноБрера поразена од украински Верес на тест меч во Анталија
СледноАндреј Лазаров од Рудеш се пресели во НК Горица