Бесар Гуџуфи беше дел од младинските категории на Вардар, потоа играше за Беласица и во 2021 година се пресели во Бешикташ. Таму беше дел од младинските категории, а сега се врати во ПМФЛ и во наредните шест месеци ќе игра како позајмен фудбалер во Шкупи.
„Среќен сум што станав дел од Шкупи. Тимот конкурира за титулата и Купот, сакам да помогнам да ги оствариме целите. Се приклучив на подготовките во Анталија каде што одлично бев пречекан. Останува добро да се подготвиме и да ги израдуваме навивачите во пролетниот дел од сезоната“, изјави 19-годишниот фудбалер.