Мекларен го продолжи договорот со Ландо Норис

64

Формула 1 тимот на Мекларен денеска најави продолжување на договорот со британскиот возач Ландо Норис.

„Неверојатно сум задоволен што ќе продолжиме со нашиот работен однос со Ландо уште неколку години. Имавме фантастична авантура во последните шест години и тој покажа неверојатна посветеност и желба да го истурка тимот напред и да го врати Мекларен на врвот“, изјави извршниот директор на Мекларен, Зак Браун.

Точната должина на договорот на Норис по ова продолжување не е откриена. Пред продолжувањето, договорот на пилотот беше со важност до крајот на 2025 година.

ПретходноЕуро Никел по продолжение славеше во Битола и изби на врвот на табелата
СледноАќимовиќ е уште едно ново име во составот на Воска Спорт