Ристе Јанков се договори со Брегалница!

304

Голманот Ристе Јанков ќе биде на голот на Брегалница од Штип во пролетниот дел од шампионатот на Македонија. Тој ја исполни желбата на тренерот Горан Здравков и ја прифати понудата од „сините“ со што и официјално си оди од романскиот клуб Политехника од Јаши за кој настапува од 2022 година и каде има 15 настапи.

Ристе Јанков е дете на Работнички и за овој клуб има 70 настапи во елитата на нашата земја. Станува збор за одличен голман и големо засилување за Брегалница. Голман кој беше и во плановите на Вардар но сепак неговата одлука падна на Брегалница.

ПретходноЃоковиќ бесен на судијата: Сакаш да ти донесам чај?
СледноВардар му плати на Кировски, се трга забраната за трансфери!