Само неколку часа по објавата на трансферот на Јанкулоски, Воска Спорт потврди уште еден зимски трансфер. Станува збор за Милош Аќимовиќ, 26-годишен фудбалер, кој игра како крилен напаѓач, а во Воска доаѓа од Леотар Трeбиње.
Во својата кариера, Аќимовиќ има настапи и за Зрињски Мостар и ФК Крупа, а кратка авантура помина и во Австрија со екипата на СВ Лафниц.
Во првиот дел од тековната сезона, со тимот на Леотар од Требиње, Аќимовиќ на 12 натпревари постигна 5 гола.