Битка на титаните за враќање во финалето на ЕУРО

317

Актуелните светски, олимписки и европски бранителите на титулата, Данска, Франција и Шведска ќе го видиме денеска на теренот во полуиналните битки на ЕП, заедно со домаќинот Германија. Данска, Франција и Шведска играа во полуфиналето на ЕП 2022 година, Франција замина со празни раце, додека Данска го освои бронзениот медал. Престолот им припадна на шведските ракометари. Трите селекции играа во полуфиналето на СП 2023 и 2021 година, титули што им припаднаа на Данците. Овие селекции беа и дел од завршницата на ЕП 2018 година, што ги прави најуспешни во историјата на овој спорт. Германија последен пат во едно полуфинале беше во 2019 година кога беше ко-организатор на СП.

Во првата полуфинална пресметка (17:45 часот) силите ќе ги одмерат Франција и Шведска. Актуелниот олимписки прва во оваа пресметка влегува без пораз, со шест победи и реми против Швајцарија, додека пак на другата страна Шведска има два порази, од Норвешка и Данска. Ж

Франција и Данска ќе се сретнат по 26-ти пат, додека седми на ЕП. Последната битка на ЕП, ја доби Шведска со 33-34 во полуфиналето во годината која стана првак, додека Франција пак славеше во 2023 на СП исто во полуфинале.

На втората полуфинална средба, домаќинот Германија ќе има максимална поддршка на трибините во Ланксес Арена. Данска е голем фаворит, оваа селекција ќе го игра 10 европско полуфинале, додека за Германија ќе биде шесто. Германија последното ЕП го освои во 2016 година, додека Данска на тронот се нема качено од 2012 година. Оваа средба е закажана со почеток во 20:30 часот.

Пред почетокот на полуфиналето ќе се одигра дуелот за петтото место меѓу Унгарија и Словенија.

ПретходноЃоковиќ поразен во Мелбурн после 2.195 денови!
СледноШок за навивачите на Ливерпул: Клоп си оди од кормилото на крајот на сезоната!