Брера поразена од украински Верес на тест меч во Анталија

270

Македонскиот прволигаш Брера Струмица е поразен со 3:2 од украински Верес Ривне одигран на стадионот „Серик“ во Анталија. Стрелци за Брера беа Даниел Миловановиќ во 35 минута и Давид Ристовски во 69 минута од мечот.
Шефот на стручниот штаб Бојан Круљ им дал шанса на сите играчи на овој меч.
Следен противник на Брера е украински Черноморец од Одеса на 28 јануари, два дена подоцна ќе играат со Рух од Полска, а на 2 февруари со Атирај.

ПретходноБаерн купува играч од Галатасарај за 30 милиони евра
СледноГостивар со убедлив пораз од Ружомберок