Германија во „солзи“, Данска после 10 години ќе игра финале на ЕП

811

Репрезентацијата на Данска е вториот патник во финалето на Европското првенство, откако славеше против со Германија со 26-29. Таму за противник во битката за златниот медал ќе ја има селекцијата на Франција. Избраниците на Никола Јакобсен после 10 години ќе играат финале, последен пат тоа го сторија во 2014 година кога го освоија сребрениот медал, беа поразени токму од „триколорите“.

Јоргенсен, Питлик и Јакобсен имаа по пет погодоци кај победникот, на другата страна Ренарс Усчинс имаше пет гола.

И втората полуфинална пресметка понуди возбудливи минути во „Ланксес Арена“. Домаќинот на еврошампионатот на крилата на своите фанови одигра еден поинаков меч, иако се чинеше дека Данска ќе биде надмоќна, сепак мотивот за финале беше голем и на другата страна.

Првото полувреме мина речиси изедначено, со тоа што Германија во одреден момент имаше позитива од два гола, отвори со 3-1, беше и 7-5. На другата страна светскиот првак се враќаше, но во ниту еден момент не успеа да поведе во првото полувреме. Домашните ракометари водеа и со 13-10 и 14-11, на одморот беше 14-12.

До првото водство на оваа средба Данска дојде во 34 минута (15-16), додека пак во 42 минута позитивата беше два гола (17-19). Хансен со третиот гол на средината на второто полувреме зголеми на 18-21, период во кој двете репрезентации имаа играч помалку на теренот. Волф со десетата одбрани спречи противникот да поведе со плус четири.

Силата на Данска исплива на површина во решавачките десет минути. Кајман направи грешка, а Киркелоке и Гидсел, по одбрана на Нилсен на другата страна реализираа за 21-26 во 53. минута. Во продолжение, Германија се обидуваше да најде начин да се врати во средбата. Киркелоке доби две минути по грубиот старт на на две и пол минути до крајот, а противникот намали на 26-28 минута до крајот. Но, Хансен стави печат на финалето (26-29).

ПретходноНаковски Волеј со српско засилување на блокерската позиција
СледноНиколас Анелка стана спортски директор на турски второлигаш