Франција е првиот финалист на Европското првенство. Во преполната „Ланксес Арена“ победникот во првото полуфинале беше решен по продолженија, олимпискиот првак го елиминираше бранителот на тронот, Шведска со 34-30 и после десет години ќе се бори за златен медал.
Шведска имаше шанса да дојде до победа во регуларниот дел, на 15 секунди ја загуби топката, Готфридсон направи чекор, на другата страна Пранди испрати бомба во мрежата на противникот за реми и продолженија.
Фабрегас со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Мем со шест погодоци. На другата страна Паличка имаше 15 одбрани, додека Клар 9 погодоци.
На овој натпревар правдата ја делеа македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. И овој пат беа на ниво на задачата, двајцата го имаат искуството за вакви големи мечеви.
Шведските ракометари го отворија мечот со 1-3, но актуелниот олимписки првак на дело ја покажа своја сила. Брзо одговори и израмни на 3-3, кратко по ова со серија од 6-0 поведе со 10-4 речиси на средината на првото полувреме. Шведска едноставно беше немоќна, имаше и негатива од седум гола 13-6. На голот на Франција осум одбрани на одморот имаше Самир Белансен. По првите 30 минути резултатот беше 17-11.
Шведска по одморот излезе како нова репрезентација, поточно се покажа во вистинско светло, отвори со серија од 7-1 и по само осум минути игра израмни на 18-18 во 40. минута. Франција беше во криза, губеше топки, цели шест минути беше без реализација. Ремили го постигна вториот гол за својата репрезентација во вториот период и го повлече својот тим. Со два негови гола и еден на Фабрегас, Франција водеше со плус три (21-18) во 43. минута.
Palicka. Palicka. Palicka. 🤯🇸🇪#ehfeuro2024 #heretoplay #FRASWE @hlandslaget pic.twitter.com/ZsSP2Z2qhV
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2024
Ова не промени ништо, Шведска на погонот на Паличка ја врати неизвесноста, израмни на 21-21. Клар беше незапирлив, Паличка фаќаше седмерци на француските ракометари. Шведска имаше два гола позитива. Олимпискиот првак беше во трка со времето, но Шведска играше како на лента. При 25-27 Франција постигна гол за 26-27, останаа 15 секунди. Шведска неочекувано погреши, Готфридсон направи чекор, олимпискиот првак преку Пранди од слободен удар успеа да се избори за продолжение.
ELOHIM PRANDI SENDS US INTO EXTRA TIME 🤯🤯🤯#ehfeuro2024 #heretoplay #FRASWE pic.twitter.com/NJRaVdZyLc
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2024
Во првото продолжение, Наи со три гола во низа зголеми на 30-27. По првите пет минути резултатот беше 30-28. Мем и Пранди зголемија на 32-28 по три минути игра во второто продолжение. Ова беше доволно за да Франција да зачекори кон финалето.