Малме го прати Зенделовски во Сковде

528

Адриан Зенделовски ја почнува својата кариера во сениорскиот фудбал и тоа во екипата на Сковде, која се натпреварува во втората по ранг лига на Шведска.

Капитенот на тимот до 19 години на Малме добива шанса да се докаже во средина која работи со млади играчи и на кои им треба минутажа. Предводмникот на селекцијата до 19 години на Македонија важи за супер талент кој игра во средиата од теренот и кој ја предводеше оваа наша генерација до успех во квалификациите за пласман на ЕП.

Зенделовски е главниот џокер на селекорот Тони Јакимовски за мартовската елитна рунда кога во Скопје нашите момци против Украина, Летонија и Швајцарија ќе бараме сензација и место на ЕП.

Инаку Сковде е тим во кој тренер е познатиот шведски напаѓач Тобиаш Линдерот.

ПретходноВицепрвакот е комплетен: Во Автокоманда се работи под „полна пареа“ (ВИДЕО)
СледноЧелзи собори светски рекорд