Медведев по епски пресврт обезбеди финале на Австралија опен

494

Рускиот тенисер Данил Медведев по епски пресврт го совлада Александар Зверев со резултат 3:2 и ќе игра против Јаник Синер за титулата на Австралија опен 2024.
Русинот, кој е на 6. место на АТП листата, го совлада третиот тенисер на светот откако по четири и пол часа игра и голем пресврт славеше со 3:2.
Во првиот сет имаше ревија на брејкови (дури пет), а еден повеќе направи Зверев и поведе со 7:5. Вториот сет помина во доминација на Зверев кој го реши со 6:3 и стигна на чекор до финалето.
Третиот сет се решаваше во тај-брејкот каде Медведев беше поуспешен и намали на 2:1 во сетови со 7:6(4). И четвртиот сет отиде во тај-брејк и тој во своја корист го реши Медведев (7:6(5)) и го одведе мечот во одлучувачки сет.
Во петиот сет Зверев потфрли и дозволи два брејка на Медведев кој славеше со 6:3 и отиде во финалето.
Медведев во финалето во недела ќе игра против Јаник Синер кој со 3:1 во сетови го елиминира Новак Ѓоковиќ.
Синер првпат ќе игра финале на Гренд слем турнир, а за Данил ова е второ Гред слем финале.

ПретходноНово име во Вардар – Швајц го засили најтрофејниот!
СледноПет меча, пет порази, нула голови. Дали стадионот на Тотенхем е проклет за Пеп?