Наковски Волеј со српско засилување на блокерската позиција

110

Српската блокерка Тамара Благојевиќ е ново име во составот на Наковски Волеј. Клубот вечерва потврди дека искусната 29-годишна одбојкарка која досега успешно ги бранеше боите на повеќе српски клубови ќе биде вистинско засилување за Наковски Волеј кој има сериозни амбиции во финалниот дел од сезоната.

„Среќна сум што ќе бидам дел од тимот на Наковски волеј. После вториот одржан тренинг чувствувам дека одлично ќе се вклопам во тимот. Морам да кажам дека сум изненадена од квалитетот и динамиката со која се игра одбојката овде. Верувам дека ќе дадам голем придонес во остварување на зацртаните цели на тимот, освојување на купот и шампионската титула“, изјави Благојевиќ.

ПретходноШифер и Зутер завршија во болница, Венер славеше на спустот во Кортина
СледноГерманија во „солзи“, Данска после 10 години ќе игра финале на ЕП