Крилниот фудбалер Марјан Ристовски – Швајц го напушта Силекс и се пресели во Вардар. И покрај тоа што беше посочуван како потенцијално засилување на Брера, Гостивар, Шкендија… на крајот неговиот нов клуб ќе биде Вардар.
Инаку популарниот Швајц играше за Работнички, за Борец, Кожуф и Тиквеш. Тој може да игра како лево и десно крило или како полушпиц. Тој ќе биде добро засилување за најтрофејниот македонски клуб.
По подготовките во Гевгелија, Вардарци деновиве ги одработуваат последните тренинзи во Скопје, пред заминувањето во Анталија, каде што екипата ќе престојува во период од 27.01 до 07.02.2024 година.