Партизан со нов пресврт до победа, Барса падна во Милано

308

Со огромна поддршка од трибините, Партизан успеа да слави на дуелот со Жалгирис во 23. коло на Евролигата со 81:72, за 12-та победа сезонава. Белградските „црно-бели“ имаа двоцифрена негатива, но ја надополнија и го забележаа новиот успех во елитното натпреварување.

Жалгирис остана на осум победи и сега има дури 15 порази, па практично е невозможна мисијата на Андреа Тринкиери да ги одведе Литванците во плеј-оф баражот.

Дужер со 23 поени (8/10 за два 2/2 за три) и 4 асистенции беше најдобар кај Партизан, Ледеј запиша 21 поен и 5 скока, а Камински 12 поени.

Арамани Милано успеа да ја совлада Барселона со 74:70, додека Валенсија го доби шпанското дерби со Басконија на гости со 62:77. Монако во драматична завршница со 80:78 славеше на гости во Истанбул кај Анадолу Ефес.

ПретходноНиколас Анелка стана спортски директор на турски второлигаш
СледноФА Куп: Аке го однесе Сити во осминафинале, Челзи и Астон Вила ќе се сретнат уште еднаш (ВИДЕО)