Јокиќ и Дончиќ стартери на Ол-Старот, Леброн повторно го прескокна Џабар

306

Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс ќе бидат капитени на Ол-Старот. Натпреварот ќе се игра на 18 февруари во Индијана. Капитенот Адетокумбо на Истокот е заедно со Лилард, Тејтум, Ембиид и Тајрис Халибартон, кој секако ќе биде во центарот на вниманието бидејќи е играч на Пејсерс.

Од другата страна Леброн е капитен на Западот, стартери се Јокиќ, Дончиќ, Дурант и Шеј Гилџес Александер.

На првиот ден од февруари ќе дознаеме за резервите, 30 тренери на НБА избираат 14 кошаркари кои од клупата ќе го започнат натпреварот во Индијанаполис. Ако некој се повреди, комесарот Адам Силвер избира замена.

Леброн откако ја презеде титулата најдобар стрелец на вечната листа го мина Џабар и по број на учества ова ќе му биде 20-ти натпревар, никој досега не играл толку пати. Дурант е избран по 14-ти пат, само 10 играчи во историјата, покрај одличниот кошаркар Санс, имаат толку многу учества.

ПретходноЃоковиќ остана без финале, Јаник Синер одигра неверојатен меч
СледноЃоковиќ бесен на судијата: Сакаш да ти донесам чај?