Со својот петти гол сезонава, поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски ја потврди новата победа на АЕК Ларнака во кипарскиот шампионат против екипата на Карамиотиса со 3:1.
Тричко погоси за 3:1 во 88. минута со што ја потврди 12-тата сезонска победа за својата екипа, која останува на 2. место на табелата, шест бода зад лидерот АПОЕЛ.