Шифер и Зутер завршија во болница, Венер славеше на спустот во Кортина

251

Во Кортина д’Ампецо, каде денеска се возеше четвртиот спуст сезонава, најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин имаше тежок пад и се повреди. Ништо подобро не мина и актуелната олимписка шампионка Корин Зутер.

Американката стартуваше осма, а по околу 20 секунди и еден скок на влезот од кривината, изгуби контрола над скиите и заврши во заштитната ограда. Откако и беше укажана лекарска помош на патеката, Шифрин со хеликоптер беше пренесен во болница.

По Шифрин, Федерика Брињоне падна на истото место. Италијанката веднаш ги крена рацете во знак дека се е во ред со неа, ноа проблеми на истото место имаше и швајцарската скијачка Корин Зутер. Актуелната олимписка шампионка во спуст незгодно слета при што го повреди коленото, а и таа со хеликоптер беше пренесена и во болница.

Победничка на крајот беше австриската скијачка Стефани Венир која славеше пред Гут-Бехрами со предност од 39 стотинки. Третото место го поделија три скијачки – Канаѓанката Валери Грениер,  Австријката Кристина Агер и Италијанката Софија Гоџа,  кои заостанаа 71 стотинка зад Венер.

ПретходноШведска вложи жалба: Судиите мораше да го прегледаат видеото од голот на Пранди!
СледноНаковски Волеј со српско засилување на блокерската позиција