Ѓоковиќ бесен на судијата: Сакаш да ти донесам чај?

953

Новак Ѓоковиќ е поразен во полуфиналето на Австралија Опен. Српскиот тенисер пристигна на првиот сезонски Гренд слем турнир со цел да ги зголеми рекордните бројки (има 24) и Австралија опен (има 10), но беше запрен пред финалето. Четвртиот носител Италијанецот Јаник Синер беше подобар со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3.

Во четвртиот сет Ѓоковиќ му се налути на судијата кој според него не ја опомена доволно публиката која беше гласна при сервисот. „Дали само ќе седнеш таму и ќе молчиш? Сакаш ли да ти донесам чај?“, саркастично праша Ѓоковиќ. Публиката исто така му пречеше и на Синер, особено во последните гејмови.

 

ПретходноЈокиќ и Дончиќ стартери на Ол-Старот, Леброн повторно го прескокна Џабар
СледноРисте Јанков се договори со Брегалница!