Ѓоковиќ остана без финале, Јаник Синер одигра неверојатен меч

688

Новак Ѓоковиќ е елиминиран во полуфиналето, Австралија Опен ќе добие нов шампион. Српскиот тенисер е совладан од Јаник Синер со 3-1 по сетови (1-6, 2-6, 7-6 и 3-6), кој за првпат во својата кариера се пласираше во едно Гренд слем финале.

За Србинот ова беше 11-то полуфинале во Мелбурн и прв пораз, па за 11-та титула ќе мора да чека најмалку една година.

Мечот траеше три часа и 26 минути. А Синер главниот чекор за пласман во финалето го направи во првиот и вториот сет, беше едноставно доминантен, Новак немаше решение за неговиот сервис, кој денеска беше неверојатен. Новак во третиот сет успеа по тај-брејк да намали на 2-1, но веќе во следниот Синер не му дозволи да се разбуди и стави печат на овој убав ден за него.

Синер во финалето ќе се сретне со најдобриот од мечот Медведев – Зверев.

 

ПретходноЈокиќ се спаси – можеше да настрада посериозно (ВИДЕО)
СледноЈокиќ и Дончиќ стартери на Ол-Старот, Леброн повторно го прескокна Џабар