Ѓоковиќ поразен во Мелбурн после 2.195 денови!

110

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Австралија опен. На патот до 11-то финале и 11-та титула во Мелбурн, беше запрен од Италијанецот Јаник Синер, кој го совлада со 3:1 во сетови.

Познато е дека овој Гренд слем е миленик на најдобриот тенисер во светот, а колку е доминантен на тоа најдобро говори податокот дека денеска загуби во Мелбурн по 2.195 дена.

Пред Синер беше поразен од малку заборавениот Хјеон Чунг од Јужна Кореја, во осминафиналето на АО 2018 година, а Чунг победи со 3:0 (7:6, 7:5, 7:6).

За некогаш големиот талент од Јужна Кореја тоа беше најголемиот успех во кариерата, бидејќи набргу по тој триумф се здоби со серија тешки повреди кои му го уништија тенискиот напредок и кариерата.

А по тој пораз, Ѓоковиќ продолжи до големиот успех на Австралија опен. Тој освои титули во 2019, 2020, 2021 и 2023 година, додека во 2022 година беше спречен да учествува од веќе познати причини за вакцинација.

ПретходноГобац изјави дека никогаш нема да ја води Хрватска, Вујовиќ му одговори!
СледноБитка на титаните за враќање во финалето на ЕУРО