Никола Јокиќ можеше сериозно да се повреди во убедливиот пораз на неговиот Денвер Нагетс од Њујорк од 122:84. Тој го заврши натпреварот како најдобар, со 31 поен и 11 скока за само 28 минути игра, но поради ненамерниот и се уште страшен старт на Донте Дивиченцо мораше да го напушти теренот.
Ривалот на Јокиќ се обиде да го спречи и случајно го фати во лице, поради што прстот му заврши во окото на српскиот ас. Изгледаше страшно. Јокиќ во агонија се струполи на подот и се тресеше од болка. Успеа да стане и да ги изведе двете слободни фрлања, а потоа отиде во соблекувалната.
Jokić has headed to the locker room after being poked in the eye.
He made his free throws then checked out of the game. pic.twitter.com/DbDGynEIxG
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 26, 2024