Андреј Лазаров од Рудеш се пресели во НК Горица

256

Откако го раскина договорот со Рудеш, македонскиот интернационалец Андреј Лазаров стана прво зимско засилување за Горица. 24-годишниот играч за врска во кариерата настапуваше за Тиквеш и Работнички, а на почетокот на сезоната дојде во Рудеш. Во првиот дел од сезоната во ХНЛ запиша 13 настапи и постигна еден гол.
„Секогаш ќе го давам максимумот за екипата и се надевам дека заедно ќе остваруваме добри резултати и ќе избориме за што повисока позиција на табелата“, изјави Лазаров.

Тој со Горица потпиша договор до лето 2025 година.

ПретходноГостивар со убедлив пораз од Ружомберок
СледноЖдрепка за полуфинале на Копа дел Реј: Атлетико го доби Атлетик