Еуро Никел по продолжение славеше во Битола и изби на врвот на табелата

140

Кошаркарите на Еуро Никел по едно продолжение успеаја да слават а гостувањето кај Пелистер со 83:81 во натпревар кој донесе вистинска драма во завршницата и на регуларниот дел и во продолжението. Кавадарчани на крајот се радуваа, иако можеа мечот да го решат и во регуларниот дел во кој имаа голема предност, која едно време беше и 14 поени разлика (47:61).

По триумфот во минатото коло против МЗТ Скопје, Пелистер не успеа да прокнижи уште една важна победа против конкурент од врвот. Со оваа победа Еуро Никел го искористи „киксот“ на шампионот и се израмни на врвот на табелата со „штрковите“.

Дубински со 22 поени ги предводеше гостите, додека кај Пелистер со 25 поени најефикасен беше Планиниќ.

ПретходноПрв меч и веднаш гол: Чурлинов погоди за Шалке (ВИДЕО)
СледноМекларен го продолжи договорот со Ландо Норис