Ждрепка за полуфинале на Копа дел Реј: Атлетико го доби Атлетик

226

Главниот фаворит за освојување на трофејот во Копа дел Реј, Атлетико Мадрид за противник во полуфиналето го доби Атлетик Билбао кој ја елиминираше Барселона во четвртфиналето.
Во другиот полуфинален двобој ќе играат Мајорка и Реал Сосиедад.
Полуфиналето во Шпанија се игра во два меча. Атлетико Мадрид и Мајорка ќе бидат домаќините на првите мечеви на 6 и 7 февруари, реваншите се на 27 и 28 февруари.
Финалето е на 6 април на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља.

ПретходноАндреј Лазаров од Рудеш се пресели во НК Горица
СледноУ17: Милеска го објави списокот за двата контролни мечеви со Црна Гора