Иако на „кралот“ му падна круната, сепак потерата по врвот на Ѓоковиќ ќе трае!

620

Отвореното првенство на Австралија добива нов шампион. Новак Ѓоковиќ во полуфиналето не успеа да го совлада Јаник Синер и затоа загуби 1200 поени на АТП листата, па во понеделник ќе има 9855.

Сепак, тој дефинитивно останува прв, не само по Австралија опен, туку и подолго.

Алкараз, Медведев и Синер бранат голем број бодови до крајот на април и тоа е нивниот најголем проблем во потерата на најдобриот тенисер на сите времиња.

Јаник Синер доколку го освои турнирот би можел да стигне до својот најдобар пласман досега, ако Медведев биде елиминиран во полуфиналето, ќе се пресели на третата позиција. Загрозено е и второто место на Карлос Алкараз бидејќи доколку Данил Медведев го освои турнирот, повторно би бил втор.

Зверев би бил петти во случај да се пласира во финалето и да го освои турнирот, во случај на елиминација во полуфиналето би останал шести.

ПретходноФФМ донира 5680 фудбалски топки на младинските клубови
СледноНово име во Вардар – Швајц го засили најтрофејниот!