Клоп: Најубавите спомени доправа доаѓаат, никогаш нема да водам друг англиски тим, никогаш!

1582

Откако денеска германскиот стручњак Јирген Клоп изненадувачки ја објави својата одлука да се повлече од клупата на „црвените“ на крајот од актуелната сезона, иако е под договор до 2026 година, на прес-конференцијата пред дуелот со Норич во ФА Купот, повторно сe осврна на својата шокантна одлука.

„Не сум расположен да размислувам за тоа дали жалам за нешто од времето поминато на Енфилд. Најдобрите спомени допрва доаѓаат. Денеска не за тоа. Не жалам за ништо, но имам многу посебни спомени. Овде сме денес само за да одговориме на вашите прашања. Изградивме две трибини кои ќе траат вечно. Ја направивме базата за тренинг АХА која ќе биде достапна во следните 30, 40 или 50 години. Го направивме тоа на начин на Ливерпул, како што мене ми се допаѓа. Тоа што не го освоивме првенството со 97 бода или Лигата на шампионите е во ред. Може да се каже дека требаше да потрошиме повеќе за играчи, разбирам дека тоа е гледната точка на навивачите, но никогаш не може да биде правилно од професионална гледна точка. Ако сакате да обвините некого што не ја освоил Лигата на шампионите трипати, обвинувајте ме мене, никој друг“, изјави емотивниот Клоп, кој беше категоричен дека ништо не можело да ја промени неговата конечна одлука.

„Размислував многу внимателно. Одлуката е независна од каков било резултат оваа сезона. Она што го гледам е дека има многу добра основа за тимот во иднина. Токму затоа си заминувам во вистинско време, за некој друг да го преземе тимот. Ниту еден друг клуб, ниту репрезентација нема да преземам следната година, а ниту еден друг англиски клуб никогаш, можам да го ветам тоа. Дури и да немам што да јадам, тоа нема да се случи“, потенцирал Клоп.

ПретходноУ17: Милеска го објави списокот за двата контролни мечеви со Црна Гора
СледноАууу, каков гол на Пранди за продолжение во „Ланксес Арена“ (ВИДЕО)