Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов веднаш покажа дека е големо засилување за германскиот второлигаш Шалке. Во првиот негов настап по официјализирањето на трансферот од Барнли, Чурлинов постигна гол на вечерашното гостување кај Кајзерслаутерн.
Чурлинов влезе од клупата на стартот на вториот дел и по само 5 минути ја затресе домашната мрежа.
DARKO CHURLINOV! ⚽️🚨
1. FC Kaiserslautern 1 – 1 FC Schalke 04
— Football Goals HD (@roger21footy) January 26, 2024