Голманот Ристе Јанков ќе биде на голот на Брегалница од Штип во пролетниот дел од шампионатот на Македонија. Тој ја исполни желбата на тренерот Горан Здравков и ја прифати понудата од „сините“ со што и официјално си оди од романскиот клуб Политехника од Јаши за кој настапува од 2022 година и каде има 15 настапи.
Ристе Јанков е дете на Работнички и за овој клуб има 70 настапи во елитата на нашата земја. Станува збор за одличен голман и големо засилување за Брегалница. Голман кој беше и во плановите на Вардар но сепак неговата одлука падна на Брегалница.