ФА Куп: Аке го однесе Сити во осминафинале, Челзи и Астон Вила ќе се сретнат уште еднаш (ВИДЕО)

159

По пауза од пет години, Манчестер Сити, конечно, успеа да победи на гости кај Тотенхем, откао вечерва Аке погоди во последните минути од регуларниот дел на мечот од 1/16-финалето на ФА Купот и ги однесе „граѓаните“ во осминафиналето.

Во тврд меч со иницијатива на гостите, навивачите видоа само еден гол, кој на крајот им донесе победа на избраниците на Пеп Гвардиола. За Сити ова е прва победа во Лондон против Спарси од 2018 година.

Вечерва во ФА Купот, сите преостанати мечеви завршија нерешено. Челзи на домашен терен одигра 0:0 со Астон Вила, па сега ќе има уште еден меч меѓу овие два тима, но овој пат на „Вила Парк“, а возвратни дуели ќе се играат и меѓу Бристол Сити – Нотингем Ф (0:0) и меѓу Шефилд В. и Ковентри (1:1).

ПретходноПартизан со нов пресврт до победа, Барса падна во Милано
СледноМеч на кариерата на Дончиќ – постигна 73 поени во победата на Маверикс (видео)