ФФМ донира 5680 фудбалски топки на младинските клубови

420

Фудбалската федерација на Македонија распределува 5680 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на младинските клубовите од сите категории (младинци, кадети, пионери, помлади пионери, петлиња, помали петлиња) во рамки на натпреварувањата за млади категории на ФФМ.
Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување, официјални лица), ФФМ потврдува дека на младинскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач. Важно е што покажуваме дека базичниот фудбал се третира на вистинско ниво. Ќе продолжиме во таа насока“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Со последната донација на ФФМ за распределба на 5.680 фудбалски топки, вклучени се вкупно 122 клубови.

ПретходноШок за навивачите на Ливерпул: Клоп си оди од кормилото на крајот на сезоната!
СледноИако на „кралот“ му падна круната, сепак потерата по врвот на Ѓоковиќ ќе трае!