Новак Ѓоковиќ не го криеше своето разочарување по елиминацијата на Австралијан Опен. Српскиот тенисер беше поразен во полуфиналето од Јаник Синер и после долго време нема да игра во финалето во Мелбурн.
„Мора да му честитам најпрво на Јаник. Заслужи да биде во финале, беше подобар сега, бев надигран во потполност и треба да се пружи рака. Но, искрено шокиран сум од нивото на мојата игра. Секако, во негативна смисла. Малку што направив како што треба, посебно во првите два сета. Ова е еден од најлошите мои мечеви на гренд-слем турнир во кариерата“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер потенцира дека се обврзал да игра до крај на големите турнири, поточно дека сезоната ќе ја доигра до крај.
„Не знам како работите ќе се одвиваат понатака, кога човек ќе излезе од терен по пораз секогаш главата е врела. Не знам на кои турнири ќе играм, но јас самиот себе се обврзав дека ќе ја играм сезоната до крај. Секако јас имам надеж за останатите слемови во годината, Олимписките игри и другите турнири. Имам чудно чувство сега, бидејќи никогаш не сум загубил полуфинале на гренд-слем“, рече Ѓоковиќ.