Велковски вечерва дебитираше за Динамо (Б) на прв меч по пауза од 8 месеци

1280

По точно 8 месеци, македонскиот репрезентативец Дарко Велковски повторно беше на терен. Тој вечерва го имаше дебитантскиот настап за својот нов клуб, екипата на Динамо Букурешт.

Велковски беше стартер и го одигра комплетниот меч за својот тим, кој жестоко се бореше да освои барем бод во градското дерби со Рапид, но гостите со гол во судиското продолжение, на крајот славеа со 1:2.

Овој праз на Динамо и натаму го остава на самото дно на табелата меѓу екипите кои ќе разигруваат за опстанок во елитата.

ПретходноШок за Барса: Виљареал слави во Каталонија во меч со два големи пресврти! (ВИДЕО)
СледноВо Баерн бесни на лошиот терен во Аугзбург, тешка повреда за Коман