Милан промаши два пенали, Болоња однесе бод од „Сан Сиро“

206

Милан беше пред победа на вечерашниот дуел со Болоња, но прими гол во последните минути, а претходно промаши два пенали. Со ова реми 2:2 борба за титулата за „росонерите“ е скоро завршена.

Болоња уште еднаш докажа дека е многу добра екипа која сезонава дури деветпати ремизираше и се наоѓа во горниот дел на табелата.

Гостите поведоа со голот на Чирчи во 29. минута, а пет минути подоцна, Милан преку Оливие Жиру промаши пенал.  Сепак, Рубен Лофтус-Чик погоди во 45. минута за 1:1.

Продолжението донесе нова иницијатива за Милан кој во 74. Минута повторно промаши пенал. Тео Хернандез ја погоди стативата!

Во 83. минута Рубен Лофтус-Чик со нов гол му донесе водство на Милан, но упорните гости се изборија за бод, токму од белата точка со гфолот на Орсолини во 91. Минута.

ПретходноЧави потврди: По завршувањето сезоната си одам од Барселона!
СледноТројка клучни играчи на Ливерпул ќе заминат заедно со Клоп?