Од денеска и официјално грчкиот второлигаш Еордаикос е новиот клуб ба Петар Обадиќ (20), досегашниот дефанзивец на Тетекс. Одбрите игри за тимот од Тетово во изминатиот период беа добра препорака за Обадиќ да дојде до прв интернационален трансфер во неговата кариера.
Инаку покрај Тетекс, младиот дефанзивец беше член и на Македонија ЃП.
Од таборот на грчкиот клуб на денешната промоција на своите социјални мрежи му посакаа добредојде на Обадиќ.