Олимпијакос донесе Американец на местото на повредениот Милутинов

116

Повредата на Никола Милутинов е посериозна и тој ќе паузира најмалку два месеци, па Олимпијакос ангажира нов центар кој ќе треба да го замени. Договор до 2025 година потпиша 25-годишниот Американец Мозес Рајт.
Овој кошаркар одигра само пет натпревари во Турција за екипата на Меркезефенди што му е прв европски ангажман во кариерата. Претходно тој имаше одлични партии во развојната лига за Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс. По само неколку НБА натпревари заминал во Кина, а од таму во Европа.

ПретходноАтлетико се засили со 18-годишен белгиски репрезентативец
СледноРК Вардар се засили со Србинот Немања Гојковиќ!