Тројка клучни играчи на Ливерпул ќе заминат заедно со Клоп?

9273

Тројца клучни играчи на Ливерпул би можеле да го следат Јирген Клоп и да го напуштат „Енфилд“ на лето, откако нивните договори ќе истечат во средината на 2025 година.

Клоп го шокираше фудбалскиот свет во петокот објавувајќи дека ги поминува последните месеци на чело на „црвените“ пред да земе неодреден период на одмор.

Вирџил ван Дијк, Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд, кои станаа суперѕвезди под водство на Клоп, би можеле да заминат од клубот ова лето, пренесува „talkSPORT“.

Салах веќе беше поврзуван со преселба во Саудиска Арабија, а Ван Дијк како најскап дефанзивец на Ливерпул би можел да се обиде во некој друг клуб. Александар-Арнолд веќе се смета за еден од најдобрите десни бекови во светот и за него ќе има сериозен интересн на лето.

ПретходноМилан промаши два пенали, Болоња однесе бод од „Сан Сиро“
СледноФранцузинот Алегре е изненадувачки победник на Супер Џи во Гармиш