Атлетико се засили со 18-годишен белгиски репрезентативец

46

Атлетико Мадрид ги победи во трката бројни клубови меѓу кои Манчестер Јунајтед и Арсенал во трката по младиот белгиски фудбалер Артур Вермерен. Се работи за фудбалер од средниот ред кој има 18 години и веќе има два настапи за сениорската репрезентација, а доаѓа од редовите на Антверпен.
Тој е дете на Антверпен, а дебитираше за првиот тим во 2022 година. За една и пол сезона има 47 настапи во Про лигата и вкупно 65 за најстариот белгиски клуб.
Атлетико за него плати 18 милиони евра, а тој потпиша шест и пол годишен договор.
Кога сме кај Атлетико да споменеме дека мадридскиот клуб го продаде голманот Иво Грбиќ на Шефилд Јунајтед.

ПретходноЕХФ ја одби жалбата на Шведска, македонските судии донеле правилна одлука
СледноОлимпијакос донесе Американец на местото на повредениот Милутинов