Букер постигна 62 поени во поразот на Феникс, Оклахома е најдобар тим на Западот

61

Лука Дончиќ со своите 72 поени го засени рекордот на кариерата на бекот на Феникс, Девин Букер кој постигна 62 поени во поразот од Индијана Пејсерс (131:133) па така трет пат по ред изгуби на меч на кој постигнал повеќе од 58 поени.
Тие негови добри партии тимот не ги круниса со победи, а на овој меч промаши шут за победа па на крајот е главен и одговорен виновник за поразот на Феникс.
Букер играше 38 минути, а го заврши мечот со 62 поени со пет скокови и четири асистенции.
Феникс водеше 43 минути, а потоа попушти и Индијана тоа го искористи.

Оклахома во гости ја совлада екипата на Њу Орлеанс Пеликанс (107:83) и со тоа стана најдобриот тим на Западот со ефект од 32 победи и 13 порази. Најефикасен во победничката екипа беше Шаи Гилџис-Александер со 31 поен, а Чет Холгрем оствари дабл-дабл со 20 поени и 13 скокови.
Тандерс сега го делат првото место со Минесота која има ист скор, додека Њу Орлеанс е на седмото место со 26 победи и 19 порази.

ПретходноМеч на кариерата на Дончиќ – постигна 73 поени во победата на Маверикс (видео)
СледноХајдук „краде“ играч на Динамо – во Сплит доаѓа репрезентативец на Хрватска