Екипата на Баерн успеа да го совлада Аугзбург во баварското дерби со 2:3, но во сенка на победата остана сериозната повреда на Кингсли Коман.
Францускиот фудбалер се повреди и го напушти стадионот со штаки, па сега се чекаат лекарските извештаи за тежината на повредата.
Покрај Коман, денеска повреда доби и младиот фудбалер со српско потекло Александар Павловиќ, но неговата повреда не е од сериозна природа.
„Игравме со четворица во бековската линија бидејќи имавме многу повреди, првпат игравме така оваа сезона. Навистина не ги разбирам ваквите терени. Овде може само да се повредиш“, изјави фудбалерот на Баерн, Горецка.
Тухел по мечот истакна дека повредата на коленото на Коман е од посериозна природа.