Димитријевиќ со рекордни 35 поени во новата победа на Уникс Казан

172

Ненад Димитријевиќ одигра меч за паметење во ВТБ Лигата. Денеска нашиот репрезентативец постигна рекордни 35 поени за својот тим Уникс Казан ви победата над екипата на Автодор со 89:71.

Димитријевиќ покрај одличниот шут имаше и 6 скока, 6 асистенции и четири украдени топки.

Уникс Казан е втор на табелата зад ЦСКА (М) на Емил Рајковиќ, која исто така денеска обезбеди висока победа на гостувањето кај МБА Москва со 52:88.

ПретходноДала ја однесе Ангола во четвртфинале на КАН 2024 (ВИДЕО)
СледноБаер (Л) одигра без голови со Борусија (М), Баерн им се доближи на два бода