Кирил Лазаров: Очекувам неизвесен двомеч, шансите се подеднакви!

730

Македонската ракометна репрезентација во бараж мечот за пласман на СП 2025 година ќе игра против Фарски Острови. Селекторот Кирил Лазаров со прв коментар по ждрепката.

“Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025” истакна селекторот.

Секако дека јавноста очекува и посакува Македонија да слави над Ф. Острови, и да успее да се пласира на уште едно големо натпреварување.

ПретходноУф, Македонија ќе мора преку Ф. Острови до пласман на СП 2025!
СледноНикола Митревски: Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот!