Кошаркарите на Далас ја победија Атланта со 148:143, а вечер за паметење имаше словенечкиот ас Лука Дончиќ. Тој оствари рекорд на кариерата со тоа што постигна неверојатни 73 поени и на тоа додаде 10 скокови и седум асистенции, осум погодени тројки, а од игра шутираше неверојатни 25 од 33 за 45 минути на теренот.
Пред Словенецот сега се само славниот Вит Чемберлен кој постигнал 100 односно 78 поени, додека Коби Брајант на мечот со Торонто постигна 81 поен.
Кај Атланта најефикасен беше Јанг со 30 поени.
Далас има скор од 25 победи и 20 порази, а Атланта 18 победи и 27 порази.
Amazing, man. #MFFL pic.twitter.com/ioqjYljBmY
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) January 27, 2024
Атланта – Далас 143:148
Шарлот – Хјустон 104:138
Индијана – Феникс 133:131
Торонто – Л.А. Клиперс 107:127
Мемфис – Орландо 107:106
Милвоки – Кливленд 100:112
Њу Орлеанс – Оклахома 83:107
Сан Антонио – Портланд 116:100