Мовинкел најдобра на тричасовниот спуст во Кортина

69

Норвежанката Рагнхилд Мовинкел е победничка на спустот во Кортина д’Ампецо, кој траеше речиси три часа поради бројните прекини. Иако учествуваа 45 скијачи, спустот во Кортина д’Ампецо траеше речиси три часа, пред се поради бројните паѓања на скијачките, како и налетите на силен ветер.

Во такви услови најдобро се снајде Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која со стартен број 20 дојде до четвртата победа во кариерата, прва во спуст. Мовинкел победи со 35 стотинки предност пред Американката Жаклин Вајлс, која имаше стартен број 26. Трета беше Италијанката Софија Гоџа.

Ден претходно, првиот спуст на истата патека беше одбележано со бројни падови, вклучувајќи го и оној на Американката Микаела Шифрин, лидерката во генералниот пласман.

Шифрин и понатаму води во генералниот пласман во Светскиот куп со 1.209 бодови, а Швајцарката Лара Гут-Бехрами е втора со 914 бодови.

ПретходноКрафт е светски шампион во скијачки летови
СледноМилик го остави Јуве на цедило, па „Старата Дама“ освои само бод со Емполи (ВИДЕО)