Никола Митревски: Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот!

2565

Нашата ракометна селекција денеска во за ривал во баражот за пласман на СП 2025 година го доби квалитетниот репрезентативен состав на Ф. Острови. Селекција против која и тоа како ќе мора да се даде максимумот ако се сака да се слави во овој двомеч кој се игра во мај.

За првите импресии од ждрепката свој коментар има и капитенот Никола Митревски.

Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот.И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања” изјави нашиот капитен.

ПретходноКирил Лазаров: Очекувам неизвесен двомеч, шансите се подеднакви!
СледноСтоле со чиста мрежа, Рајо со бод кај Сосиедад!