Виктор Осимен пред неколку дена изјави дека тој веќе донел одлука за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера, но името на клубот ќе го соопштел по завршувањето на сезоната.
Тоа делуваше шокирачки за фановите на шампионот, но уште поголем шок е тоа што за заминувањето на Нигериецот потврда дојде и од првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис:
“Тоа го знаеме уште од минатото лето. Познато е дека ние го продолживме договорот со Осимен, а во јуни тој ќе прави мега – трансфер и тоа во Реал Мадрид, ПСЖ или еден клуб во Премиерлигата“ ги отстрани сите шпекулации првиот човек на Наполи.
Инаку кога сме кај Осимен, се шпекулира дека Наполи за него ќе бара најмалку 100 милиони евра.