И уште еднаш оваа сезона, Реал (М) со пресврт дојде до победа во Ла Лига со која и натаму останува на лидерското место на табелата. Денеска момците на Карло Анчелоти долго време се мачеа на гостувањето кај Лас Палмас, па како и многупати оваа сезона, дозволија домашните први да погодат.
Тоа се случи во 53. минута кога Муњоз го отвори резултатот за голема радост на домашните навивачи. По голот, Реал притисна со сите сили, а домашните мислеа само на одбраната. По еден поништен гол поради офсајд во 65. минута, Винисуис Жуниор по одличната асистенција на Камавинга погоди за 1:1.
Во самата завршница на мечот, гостите успеаја и вторпат да погодат во мрежата на Лас Палмас, овој пат преку Чуамени во 84. минута и да дојдат до пресврт – 1:2. До крајот на мечот Реал умешно ја одржа предноста за нова, 17-та победа оваа сезона.
🇪🇸 Goal: Aurélien Tchouaméni | Las Palmas 1-2 Real Madrid | 🅰️ Toni Kroospic.twitter.com/8GfhubZoLL
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 27, 2024