Српскиот интернационалец Немања Гојковиќ (31) е новото засилување за „црвено-црните“ и ќе настапува за Вардар најмалку до крајот на сезонава. Тој игра на позиција среден бек и доаѓа од Израел каде настапуваше последните три години, во тимот на Бнеи Херзлија.
Со доаѓањето на Гојковиќ ќе се засили конкуренцијата на бековската позиција во тимот, и ќе имаме повеќе играчи за ротација на натпреварите. Гојковиќ ќе настапува со бројот 25, што најчесто го користи во екипите, а е според денот кога е роден, 25 јануари.
Во својата играчка кариера Гојковиќ бил вицешампион на Србија со 2019 и 2020 година со екипата на Металопластика од Шабац. Има настапувано и за екипите на Слога Пожега, Ашерслебен (Германија), Пролетер Зрењанин и Младост Чачак.
Има настапувано и во СЕХА лигата со Металопластика, и во ЕХФ Купот исто така со Металопластика. Најдалеку стигнал со Слога Пожега кога во 2018 година играле во четвртфиналето на Челинџ Купот.