Чави потврди: По завршувањето сезоната си одам од Барселона!

322

Чави Ернандез по завршувањето на сезоната си оди од Барселона. Веста вечерва ја објавија повеќе шпански медиуми.

Актуелниот шампион на Шпанија вечерва во Ла Лига загуби од Виљареал со 5:3 на домашен терен, а веднаш по тој дебакл се одржал состанокот на клупските челници на кој била донесена одлука по завршувањето на оваа сезона да се бара нов тренер.

На крајот од средбата, претседателот Жоан Лапорта го поканил Чави на разговор, а потоа легендарниот играч на Барса изјави:

„Решив дека по 30 јуни нема да ја продолжам оваа работа. Мислам дека ова е разумен потег. Се ослободив. Не сакам да бидам товар за клубот, сакам да бидам решение“ , објасни Чави.

На истиот состанок челниците на Барселона ја „ставиле на маса“ можноста за засилување на тимот до крајот на јануарскиот преоден рок.

ПретходноЛепидовски подобар од Костиќ во мак-дербито во Србија
СледноМилан промаши два пенали, Болоња однесе бод од „Сан Сиро“