Њукасл славеше кај Фулам за осминафинале во ФА Купот

68

Со головите на Лонгстаф и Брн, фудбалерите на Њукасл славеа со 2:0 на гостувањето кај Фулам во мечот од 4. коло на ФА Купот. Со оваа победа, Њукасл обезбеди место меѓу осминафиналистите.

Во пресрет на последниот вечерашен дуел, во осминафиналето пласман обезбедија и Брајтон, кој славеше против Шефилд Ј. со 2:5 на гостински терен, Лестер кој со 3:0 го совлада Бирмингем, како и Лутон кој со 2:1 беше подобар од Евертон на гостински терен.

Лидс Ј. и Плимут завршија 1:1 и овие два тима ќе мора да одиграат уште еден меч.

ПретходноВо Баерн бесни на лошиот терен во Аугзбург, тешка повреда за Коман
СледноЛепидовски подобар од Костиќ во мак-дербито во Србија