Фудбалерите на Баер Леверкузен не успеаја да победат на денешниот дуел дома со Борусија (М) и дозволија Баерн (М) да им се доближи на само два бода во битката за првото место на табелата.
Избраниците на Чаби Алонсо одиграа без голови (0:0) против Борусија Менхенгладбах на домашен терен во 19. коло, па сега се на врвот на табелата со 49 бодови, што е два повеќе од Баерн, кој денеска победи во Аугсбург со 3:2.
Гладбах е на 12. место со 21 бод на своето конто.